ПО 6 ГОДИНИ, ОБЈЕКТОТ НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР КОНЕЧНО ДОБИ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ, ВЕЧЕРВА И ПРВА ПРЕТСТАВА

    ПО 6 ГОДИНИ, ОБЈЕКТОТ НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР КОНЕЧНО ДОБИ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ, ВЕЧЕРВА И ПРВА ПРЕТСТАВАВечерва ќе игра претставата „Четири соби“ во режија на Синиша Ефтимов. (Фото: СДК.МК)

    После осум месеци пауза, од вечерва Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ги отвора вратите за публиката и ќе се одигра претстава. За објектот имаше само интерен технички преглед 2 јуни 2015, и шест години, сè до август лани работеше без технички прием. По пожарот на монтажната болница во Тетово во септември лани, надлежните решија да се отстранат сите недостатоци констатирани од Државниот завод за ревизија и објектот во Велес да има технички прием.

    Недостатоците во овој период од осум месеци се отстранети, соопшти Министерството за култура.

    „Заврши постапката за технички преглед на зградата на Велешкиот театар, обезбедена е употребна дозвола и извршен упис во јавната книга на недвижности“, соопштија Министерството .

    Вечерва ќе игра претставата „Четири соби“ во режија на Синиша Ефтимов, работена според мотиви од истоимениот филм од 1995. Објавен е и репертоарот за април, на кој се и претставите „Слуга на двајца господари“, „Синиот портокал“ и „Херои“, а најавени се и две гостувања.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира