ПО 60 ГОДИНИ РЕКОНСТРУИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КУМАНОВО, СО ПАРИ ОД ЕУ

    ПО 60 ГОДИНИ РЕКОНСТРУИРАН ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КУМАНОВО, СО ПАРИ ОД ЕУПроектот за модернизација, санација и адаптација на објектот над 165.000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Комплетно е реконструирана зградата во која што се сместни службите на Центарот за вработување во Куманово. Проектот за модернизација, санација и адаптација на објектот насловен „ЕУ за млади“ чини 10.3 милиони денари (над 165.000 евра), средства обезбедени од Европската унија. Со оваа реконструкција се добиваат подобри услови за вработените и граѓаните кои ги користат услугите на оваа институција.

    „Овој проект претставуваше голем предизвик за реконструкција затоа што не беше обновен од 1960-те години и беа потребни поголеми зафати за да се подобри неговата функционалност. Сега центарот доби нова фасада на зградата, променета е кровната конструкција и прозорците, со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Греењето ќе биде на палети со што значително ќе ги намалат трошоците за струја“, кажа директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири.

    Раководителката на Центарот за вработување во Куманово Марија Димитриевска, вели дека во освен просторното уредување направена е и функционална организација на работењето на центарот, со тоа што невработените лица и работодавачите ќе ги добијат потребните услови на едно место.

    „Тоа значи дека тие ќе дојдат до информации на побрз и поедноставен начин. Сите вработени во Центарот кои работат на одредена проблематика се сместени во исти простории, така да многу е полесен пристапот и многу поедноставно граѓаните да ги добијат потребните информации и доколку е потрено колегите ќе знаат каде да ги упатат“, кажа Димитревска.

    Во Центарот за вработување во Куманово до 31 мај годинава евидентирани се 15.214 лица како активни баратели на работа, или 10 отсто од вкупно евидентираните лица на ниво на државата, и 5.602 лица пасивни баратели на работа. Директорката кажа дека за време на пандемијата имало тенденција на отпуштање на вработените во одредени сектори кои биле најмногу погодени од коронакризата, а пред сè во чевларската индустрија, но сите оствариле паричен надоместок од Агенцијата. Сега најголем дел од нив се вратени на работа.

    Центарот вработување во Куманово е првиот од неколкуте во државата кои во наредниот ќе бидат реконструирани од проектот „ЕУ за млади“.

    С. НИКОЛИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира