ПО ЧАСОТ НА ПЛОШТАД, ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ДЕНЕСКА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ОПШТИНАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Тетово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПО ЧАСОТ НА ПЛОШТАД, ТЕТОВСКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ ДЕНЕСКА ПРОТЕСТИРАА ПРЕД ОПШТИНАТА

    По вчерашната „настава” одржана на плоштадот, денеска гимназијалците од македонските паралелки се собраа пред зградата на општина Тетово. Тие заедно со професорите и родителите и побараа одговор од надлежните во општината, кога ќе им се обезбедат соодветни просторни услови за следење на наставата.

    По кратко задржување пред општинската зграда, тие влегоа во големата сала на општината и бараа да дојде градоначалничката Теута Арифи. Место градоначалничката ним им се обрати раководителот на секторот за јавни дејности.

    „Постојат законски норми и административни проблеми кои настојуваме најитно да ги решиме. Дотогаш предлагаме наставата да продолжи во Работничкиот универзитет и во старото медицинско училиште. За учење во три смени во централниот објект на гимназијата нема дозвола од Министерството за образование” им ги пренесе ставовите на општината Ахмет Ќазими.

    Овие предлози беа едногласно отфрлени и од учениците и од професорите и родителите. Тие уште еднаш побараа залагањата на градоначалничката Арифи за интегрирана настава да се примени веднаш и тие да учат во централната зграда на гимназијата се додека не се изгради новиот објект во состав на гимназијата.

    По ова тие заминаа, но им порачаа на надлежните од општината дека утре часовите ќе ги држат во зградата на општина Тетово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира