ПО ДВЕ ГОДИНИ СЕ ОТВОРИ ШТИПСКАТА БАЊА КЕЖОВИЦА, ВЛЕЗ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

    ПО ДВЕ ГОДИНИ СЕ ОТВОРИ ШТИПСКАТА БАЊА КЕЖОВИЦА, ВЛЕЗ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈАПо две години штипската бања Кежовица повторно ги отвори вратите. (Фото: СДК.МК)

    Новата локална власт во Штип соопшти дека градската бања Кежовица, која е долгогодишна традиција на штипјани, од овој викенд повторно почнува со работа по затворањето на вратите пред речиси две години со појавата на пандемијата на ковид-19.

    Од ЈП „ Исар“, кое стопанисува со термоминeралните води на бањата, велат дека се категорични во спроведувањето на ковид протоколите, па услугите на бањата можат да ги користат само лицата кои ќе покажат сертификат дека се вакцинирани. Но, истовремено ќе има и дополнителни мерки, како мерење на температурата и намален број на капачи.

    По извршената санација и генералното чистење, од овој викенд во употреба се дадени само основните капацитети на женскиот и машкиот општ оддел, чии што базени ќе се користат од наредниот викенд откако преку неделата ќе се извршат неопходните проверки на исправноста на водата во базените.

    Управата на бањата соопшти дека цените ќе бидат исти, по 80 денари за возрасни и 50 денари за деца. Локалната самoуправа ја разгледува можноста за враќање на бесплатното капење во вторник за пензионерите, кои пред пандемијата ја имаа таа поволност или за нив да има извесен попуст.

    Бањата Кежовица која работеше секој ден од 7 до 19 часот пред пандемијата, дневно ја користеа неколку стотини граѓани од Штип, но и од соседните градови. Граѓаните посебно од другите градови на располагање им е сместувачкиот капацитет кој располага со двасетина кревети. Цената за едно ноќевање задно со еднодневните бањски услуги, како што велат вработените, е 400 денари, од кои 40 денари се туристичка такса.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира