ПО НАЛОГ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА, ВОДАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ ПОСКАПИ, А ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОМАЛКУ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈА

    ПО НАЛОГ НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА, ВОДАТА ВО ВЕЛЕС ЌЕ ПОСКАПИ, А ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОМАЛКУ ЗА КАНАЛИЗАЦИЈАОд следниот месец, месечната сметка на велешани ќе биде зголемена за 0,65 денари по кубик (Фото: СДК.МК)

    Цената на водата за пиење за домаќинствата во Велес ќе поскапи, а помалку ќе се плаќа за канализација. Повисока цена ќе има и догодина, додека во 2023 ќе биде намалена. Кај правните лица, односно фирмите, цената на водата ќе се намалува следните три години. Таква одлука донесе Советот на Општина Велес со мнозинство гласови. Директорот на ЈКП „Дервен“ објасни дека ова е законска обврска.

    „Регулаторна комисија, согласно Правилникот, до ЈКП ‘Дервен‘ испрати решение за утврдување на цената на водата за пиење. Ние сме должни да го почитуваме тоа. Тренд во Европа е цените на водата за физичките и за правните лица да се изедначуваат“, рече Тони Јовиќ, директор на ЈКП „Дервен“.

    Од следниот месец, според пресметките на ЈКП „Дервен“, месечната сметка ќе биде зголемена за 0,65 денари по кубик.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира