ПО ОСУМ ГОДИНИ, ПОВТОРНО Е ПРООДЕН КЕЈОТ КАЈ МОСТОТ ЗА ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ВО СКОПЈЕ

    ПО ОСУМ ГОДИНИ, ПОВТОРНО Е ПРООДЕН КЕЈОТ КАЈ МОСТОТ ЗА ПАНОРАМСКОТО ТРКАЛО ВО СКОПЈЕПо расчистување на натрупаниот отпад и градежен материјал, комплетно е реконстируирана велосипедската патека и засадено е ново зеленило. (Фото: Град Скопје)

    После осум години, конечно е можно движењето по кејот на реката Вардар во делот од Камен мост до мостот Гоце Делчев во строгиот центар на Скопје. Оваа делница осум години беше затворена поради градежните работи за изградба на мостот.

    По расчистување на натрупаниот отпад и градежен материјал комплетно е реконстируирана велосипедската патека и засадено е ново зеленило.

    „Оваа делница од кејот е конечно ослободена и граѓаните може непречено да ја користат обновената пешачко-велосипедска патека на овој потег на кејот на Вардар“, велат од Град Скопје.

    Град Скопје заврши и со изградба на пешачкиот мост, кој почна да се гради во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски во рамките на проектот „Скопје 2014“. На мостот го нема панорамското тркало, но поставени се три трафики кои ќе бидат наменети за продавачите на книги кои ќе се дислоцираат од Плоштад Македонија.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира