ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА, УСВОЕНИ И АМАНДМАНИ НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА БЕСПЛАТНА ГРАДИНКА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, ИАКО ОД ВМРО-ДПМНЕ ТВРДЕА ДЕКА СЕ НЕЗАКОНСКИ

    ИЗГЛАСАН РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БИТОЛА, УСВОЕНИ И АМАНДМАНИ НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА БЕСПЛАТНА ГРАДИНКА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ, ИАКО ОД ВМРО-ДПМНЕ ТВРДЕА ДЕКА СЕ НЕЗАКОНСКИОд ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека амандманите се незаконски, зашто не е прецизирано од каде ќе се издвојат средства (Фото: СДК.МК)

    Заседавајќи до после полноќ, Советот на Општина Битола по повеќечасовни жолчни расправи, многу паузи, натегања и партиски препукувања, со 29 гласови „за“ го усвои досега најнеизвесниот, но и најдемократски изгласан ребаланс на буџетот.

    Во него беа вклучени и 23 амандмани предложени од советничките групи кои не се дел од локалната власт, како Поинаку, Левица, СДСМ и ДОМ, за кои цел ден се водеа дискусии.

    Амандманите поминаа и во Комисијата за финансии и буџет со 18 гласови „за“ од опозициските советници, иако од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека се незаконски, зашто за дел од нив се надминува рамката од буџетот и не е прецизирано од каде ќе се издвојат средства.

    Поминаа амандманите за бесплатна градинка за секое дете од 1 јули до 31 декември годинава, реконструкции на игралишта, проекти за канализации, повисоки пешачки премини на улици за смирување на сообраќајот, кружни текови, ДУП за урбани комплекси и друго. За ребалансот на буџетот не гласаа советниците на Левица, кои во тој момент не беа во салата.

    Не поминаа измените на голем дел програми за работата на Советот, зашто мнозинството советници гласаше воздражано, па се формирани работни гурпи за усогласување на ставовите. Усвоени беа измените на програмите за социјална заштита, еднакви можности, техничка исправка на градежни парцели во АРМ и за наменско трошење на надоместокот од загадувањето со фосилни горива.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира