ПО ПОЛОВИНА ВЕК, СЕЛОТО ТАРИНЦИ ВО ОПШТИНА КАРБИНЦИ ДОБИ НОВО УЧИЛИШТЕ

    ПО ПОЛОВИНА ВЕК, СЕЛОТО ТАРИНЦИ ВО ОПШТИНА КАРБИНЦИ ДОБИ НОВО УЧИЛИШТЕЗа новото подрачно училиште се потрошени 16 милиони денари (Фото: СДК.МК)

    Карбинското село Таринци од вчера има нова училишна зграда во која наставата ја посетуваат 38 ученици од прво до петто одделение. Тие се сместени во современо опремени училници, а загревањето со ќумбе на дрва е заменето со парно.

    Вработените во училиштето велат дека бројот на ученици во новото школо ќе бил поголем, но и ова село, како и многу други, се соочува со зачестена миграција. Сега одделенијата се со по десетина ученици, со само тројца во петто одделение.

    Градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, вели дека за новото подрачно училиште се потрошени 16 милиони денари.

    „По половина век, Таринци со своите над 1.000 жители доби нова училишна зграда. Децата и вработените во училиштето се преселија од стара, руинирана зграда во современо опремени училници, кои имаат нов систем на греење“, вели Паунов и најави дека веќе била подготвена техничка документација за реконструкција на училиштето во селото Радање.

    Т. ЈОВАНОВСКИ 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира