ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПРОРАБОТИ БЛОКОТ 3, РЕК „БИТОЛА“ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ ПО ДВЕ ГРЕЈНИ СЕЗОНИ

    ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПРОРАБОТИ БЛОКОТ 3, РЕК „БИТОЛА“ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ ПО ДВЕ ГРЕЈНИ СЕЗОНИНовиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија „Астор“. (Фото; СДК.МК)

    Во функција е Блок 3 на РЕК „Битола“, откако вчера попладне, во 17:35 часот блокот беше синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Монтажата на новиот трансформатор на блокот заврши успешно, но стручни лица од РЕК „Битола“ и од производителот будно ја следат работата на постројката со цел повторното вклучување во системот да помине во најдобар ред.

    Блок 3 на РЕК „Битола“ е повторно вклучен во работа откако во ноември 2021 неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор. Новиот трансформатор на Блок 3 го изработи турската компанија „Астор“. Во исто време, трансформаторот кој беше оштетен во пожарот, се наоѓа на репарација во специјализирана фабрика во Србија и се очекува наскоро и тој да пристигне во РЕК  каде ќе се чува како резерва за евентуални слични непријатни ситуации во иднина.

    Со вклучувањето на Блок 3, РЕК „Битола“ работи со полн капацитет. Последен пат комбинатот работел со сите три блока во грејната сезона 2019/2020 година, односно од февруари до март 2020.

    Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе направат увид на термоелектраната РЕК „Битола“ каде ќе се разгледа и процесот на согорување јаглен, производство на електрична енергија, вклучувањето на мрежа на Блок 3 и работа на РЕК „Битола“ со максимален капацитет со сите три блока.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира