ПО СЕРИЈАТА ЗЕМЈОТРЕСИ, ДА СЕ ИСПИТА ВУЛКАНОТ КАЈ КОСЕЛ, БАРА ЕКОЛОГИСТОТ ПАНОСКИ

    ПО СЕРИЈАТА ЗЕМЈОТРЕСИ, ДА СЕ ИСПИТА ВУЛКАНОТ КАЈ КОСЕЛ, БАРА ЕКОЛОГИСТОТ ПАНОСКИВулканот е над самото село, се забележува една дупка со мали димензии, а месното население го нарекува едноставно – Дувало (Фото: СДК.МК)

    По серијата земјотреси кои што го тресат Охрид една недела речиси секојдневно, познатиот охридски екологист и координатор на Дримскиот проект Дејан Паноски бара да се испита вулканот во Косел во непосредна близина на Охрид.

    Сите овие последни тресења на почвата потекнуваат од епицентралното подрачје во близина на вулканот во Косел и со се јачина од околу 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

    „Интересно што нема никакви научни реакции за серијата непрекинати земјотреси во охридското подрачје кои што не се случајни, ако се знае дека имаме работа со специфичен регион. Мислам дека итно треба да се направат сондирања, испитувања за евентуална поместеност на подземни води и текови, испитувања во околните бунари и секако испитувања на гасот и евентуални течности во сулфетарата Косел. За Косел да не зборувам, имаме единствена поствулканска активна појава во регионот, а не знаеме туристички да ја валоризираме”, вели Дејан Паноски.

    Последниот земјотрес го стресе Охрид утринава околу 1 часот по полноќ.
    

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира