ПО ШЕСТ ДЕНА БОРБА СО ОГНОТ, ИЗГАСНАТ ГОЛЕМИОТ ШУМСКИ ПОЖАР НА ШАР ПЛАНИНА

    ПО ШЕСТ ДЕНА БОРБА СО ОГНОТ, ИЗГАСНАТ ГОЛЕМИОТ ШУМСКИ ПОЖАР НА ШАР ПЛАНИНАОвој голем шумски пожар, кој изби на 11 април, предизвика големи штети (Фото: СДК.МК)

    По неколкудневната борба со огнената стихија, во која учествуваа вработените во паркот, тетовските пожарникари и два полициски хеликоптера, под контрола е ставен големиот пожар во Националниот парк Шар Планина.

    Пожарот денеска од над селото Селце се прошири и над селото Ѓермо, но до 12 часот беше ставен под контрола. Денеска во гаснењето учествуваа петмина ренџери од Националниот парк и четири лица од ДЗС“, соопштуваат од НП Шар Планина.

    Овој голем шумски пожар, кој изби на 11 април, предизвика големи штети, бидејќи покрај планински ливади зафати и квалитетна букова шума.

    Периметарот на пожарот изнесуваше речиси седум километри, а изгорени се 2.019 хектари букова шума, ливади, пасишта и земјоделско земјиште, како во државна, така и во приватна сопственост“, се вели во известувањето од НП Шар Планина.

    Покрај овој пожар, на подрачјето на Националниот парк вчера биле изгаснати и два помали пожара: над селото Горјане, каде што изгореле четири хектари земјиште и над селото Ломница, каде се изгорени два хектара ниска вегетација, трева и шума со даб, леска и габер.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира