ПО ШЕСТ ГОДИНИ ИЗГРАДБА, ВО УПОТРЕБА ПУШТЕН ШЕСТОСЕДОТ НА ПОПОВА ШАПКА

    ПО ШЕСТ ГОДИНИ ИЗГРАДБА, ВО УПОТРЕБА ПУШТЕН ШЕСТОСЕДОТ НА ПОПОВА ШАПКАЖичницата има капацитет да превезува 2.600 гости на час и чинеше девет милиони евра (Фото: СДК.МК)

    Шест години откако почна да се гради, шестоседот на Попова Шапка конечно е пуштен во употреба. Ова е едниствената посериозна инвестиција на Попова Шапка после повеќе години. Жичницата има капацитет да превезува 2.600 гости на час.

    „Ова е една од најважните инвестиции на ЕСМ и Владата. Ние во последните две и пол години покажавме дека се грижиме за Попова Шапка и освен оваа инвестиција, обновен е и патот до Попова Шапка“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

    Од АД Електрани на Северна Македонија, која е инвеститор на објектот, велат дека за жичницата биле обезбедени сите потребни документи и дозволи за пуштање во употреба, но со тоа не се согласуваат од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

    „Смешна е изјавата на министерот Бектеши дека шестоседот е изграден во рекорден рок, ако знаеме дека со реализацијата е почнато уште во 2014 година. Велат дека е пуштен во употреба, но денеска не видовме дека работи. Јас имам информации дека технички не се подготвени сите документи. Денеска дојдоа на Попова Шапка само да се сликаат. Исто така, со проектот требаше околината на жичницата да се врати во првобитна состојба, но, еве, гледаме дека тоа не е направено“, вели Хамди Сулејмани од „Да ја спасиме Попова Шапка“.

    Проектот за изградба на шестоседот е почнат уште во 2014 година. Во 2016 беа направени првите активности на теренот, но поради недоволна подготвеност на проектот и професионални пропусти, како погрешни локации за изградба, таа беше во застој и продолжи дури кон крајот на 2018. Вкупната инвестиција изнесува над девет милиони евра.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира