Почина проф. д-р Тодор Делипетров еден од основачите на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип. Имаше 75 години.
Делипетров беше професор на Факултетот за природни и техники науки на Штипскиот универзитет, а најмногу се задржа на Рударско-геолошкиот факултет. Студирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје на Институтот за физика, а потоа во областа на геофизиката докторирал на природно-техничките науки.
Автор е на стотина научни трудови, а во последните години имаше научно-истражувачки активности на полето на геомагнетиката, геоелектрониката и сеизмологијата. Делипетров беше и почесен член на Македонското геолошко друштво.
Погребот ќе биде утре на градските гробишта во Штип.
T. ЈОВАНОВСКИ
,



