Починале брат и сестра близнаци стари само неколку недели од прилепското село Славеј, соопшти МВР. Момчето починало вчера во домот на родителите, а девојето во тешка здравствена состојба било однесено во Прилепската болница каде починало. Смртта на машкото бебе вчера била пријавена во полиција во 11 часот, а девојчето починало два часа подоцна.
Од Прилепската болница соопштија дека женското бебе било донесено во тешка здравствена состојба со знаци премрзнување, а според информациите што ги имаат и машкото бебе дома починало од истата причина. Бебињата биле предвреме родени, а дома биле пуштени по барање на мајката и на нејзина одговорност. Вчера таа повикала итна медицинска помош, по што бебињата биле префрлени в болница, каде починало и девојчето.
„На 16.01.12025 во 11.00 часот во полицијата во Прилеп од Општа болница Прилеп било пријавено дека во домот на З. Р. (39) и В. Р. (23) во с. Славеј, Прилепско, починало неколку недели старо машко бебе, додека кај нив во тешка здравствена состојба била донесена неговата сестра близначка, која, исто така, починала околу 13.00 часот. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот”, соопштија од МВР.
Семејството на кое му починаа близначињата има уште три деца.
Ж. ЗДРАВКОВСКА