ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРТИЗАНСКА ВО ВЛАЕ

    ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПАРТИЗАНСКА ВО ВЛАЕГрадоначалникот Петре Шилегов рече дека ангажирале две различни фирми да ги изведуваат градежните работи со цел побрзо да заврши реконструкцијата. (Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкција на булеварот Партизански одреди во населбата Влае, на потегот од мостот Обединети нации до кружниот тек кај улицата Ацо Шопов. Предвидено е да се изгребе стариот асфалт на булеварот и да се постави нов.

    Додека траат градежните работи, дел од булеварот ќе биде затворен за сообраќај, односно ќе се воведе посебен режим за сообраќај.

    Градоначалникот Петре Шилегов рече дека ангажирале две различни фирми да ги изведуваат градежните работи со цел побрзо да заврши реконструкцијата.

    „Булеварот ќе се реконструира и во две фази со цел што е можно помалку да им го отежниме движењето на граѓаните во овој дел од градот. Реконструкција на овој потег во должина од 850 метри која предвидува и замена на рабниците и нивелирање на шахтите чини 19 милиони денари“ рече Шилегов.

    Тој апелираше до граѓаните да го почитуваат привремениот сообраќаен режим на движење и да имаат разбирање за отежнатото движење на возилата во овој дел, не прецизирајќи колку време ќе траат градежните работи.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира