ПОД КОНТРОЛА СТАВЕН ПОЖАРОТ ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ВРВОТ ВРТУШКА НА ПЕЛИСТЕР

    ПОД КОНТРОЛА СТАВЕН ПОЖАРОТ ВО ПОДНОЖЈЕТО НА ВРВОТ ВРТУШКА НА ПЕЛИСТЕРПожарот избувна крај патот Макази-Претор и постојат сомнежи дека е подметнат (Фото: СДК.МК)

    Под контрола е ставен пожарот кој попладнево зафати дел од влезот на Националниот парк Пелистер од преспанска страна, поточно северниот дел од подножјето на врвот Вртушка.

    Директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека засега е запрено ширењето на огнот, а изгорени се делови од борови насади.

    Ширењето на огнот беше спречено благодарение на брзата интервенција на вработените во паркот и противпожарните единици од Битола и Ресен, како и вклученоста на ер тракторите од Дирекцијата за заштита и спасување и механизацијата од битолските јавни претпријатија.

    Цела вечер остануваме на терен, будно ќе ја следиме ситуацијата за да не дозволиме проширување на огнот. Опасноста доаѓа од силниот ветер“, рече Тошевски.

    Пожарот избувна крај патот Макази-Претор и постојат сомнежи дека е подметнат зашто истовремено во околината на Преспа се појавија уште неколку пожари.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира