Половина Битола вечерва од 21 часот остана без струја. Во мрак е дел од централното градско подрачје, двете населби Баир, Ушици и други делови од градот.
Од ЕВН потврдуваат дека без струја е централното градско јадро и дека екипи се на терен за да овозможат непречено снабдување со струја во Битола.
Прекинот во снабдувањето траеше околу еден час и ова беше еден од подолгите во последно време
Ж. ЗДРАВКОВСКА