ПОЛИЦАЕЦ ОД БИТОЛА Е ОСОМНИЧЕН ЗА СИНОЌЕШНОТО УБИСТВО ВО БЕЛОВОДИЦА

    ПОЛИЦАЕЦ ОД БИТОЛА Е ОСОМНИЧЕН ЗА СИНОЌЕШНОТО УБИСТВО ВО БЕЛОВОДИЦА

    Полициски службеник од Битола е осомничен за синоќешното убиство на битолчанецот Б.А. во прилепското село Беловодица, дознава СДК.МК од полициски извори. 24-годишниот битолски полицаец Е.Т. кој е приведен и осомничен за убиството на 36 годишниот Б. А. пукал со службениот пиштол, дознаваме исто така од полициски извори.

    Тој со пиштолот на жртвата нанел четири прострелни рани, а потоа телото било запалено надвор од автомобилот. Бруталното убиство се случило вчера околу 16,30 часот кога било пријавено во полиција дека на патот за селото гори непознато лице. За време на злосторството полицискиот службеник не бил на работа.

    „Приведен е сторителот на убиството во село Беловодица. Веднаш по пријавата, на местото на настанот излегле полициски службеници кои пронашле изгорено тело. Утврден е идентитетот на убиениот, А. Б. (36) од Битола, кај кого биле забележани прострелни рани во телото. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и околу 2 часот приведен е Е. Т., кој во целост го признал делото и го објаснил начинот на кој го извршил“, соопштија од СВР Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира