ПОЛИЦАЕЦ ЗАСТРЕЛАЛ МИГРАНТКА КОГА ШВЕРЦЕР СО ЛУЃЕ ПРОБАЛ ДА МУ ГО ЗЕМЕ ПИШТОЛОТ ПРИ КОНТРОЛА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА

    ПОЛИЦАЕЦ ЗАСТРЕЛАЛ МИГРАНТКА КОГА ШВЕРЦЕР СО ЛУЃЕ ПРОБАЛ ДА МУ ГО ЗЕМЕ ПИШТОЛОТ ПРИ КОНТРОЛА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Еден од возачите го нападнал полицаецот при контрола на две патнички возила со осум мигранти кои почнале да бегаат. (Архивска фотографија)

    Кај Гевгелија утрово е застрелана мигрантка откако шверцери со луѓе нападнале полицаец со обид да му го одземат пиштолот. Инцидентот се случил кај гевгелиската касарна, кога полицајците вршеле контрола на две патнички возила со осум мигранти кои почнале да бегаат. Во критичниот момент, еден од возачите физички нападнал полициски службеник со обид да му го одзеде пиштолот, при што полицаецот испукал и смртно погодил жена која била во групата мигранти.

    „Утрово кај Гевгелија биле забележани патнички возила ‘мерцедес’ управувано од К. Ј. (26) и ‘форд фокус’  управувано од С. Б. (51) и двајцата од Скопје, кои илегално превезувале мигранти. Возилата биле запрени од страна на полициските службеници по што возачите и мигрантите се обиделе да избегаат. Притоа К. Ј. физички нападнал полициски службеник обидувајки се да му го одземе пиштолот. Полицискиот службеник испукал и погодил еден од мигрантите“, соопшти МВР.

    Жената со рана во градниот кош од огнено оружје без знаци на живот била примена во Хируршкото одделение на Гевгелиската болница. Директорот на болницата Димитар Крџев соопшти дека екипата на Итната медицинска помош која отишла на местото на инцидетот и се обидела да ја спаси младата жена, но не успеала.

    Двајцата возачи од Скопје се приведени, а осумте лица мигранти фатени и префрлени во центарот Винојуг. Увид изврши екипа на ОЈО Гевгелија и од Одделот за внатрешна контрола при МВР.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира