ПОЛИЦАЈЦИ ПАРКИРАНИ НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА КАЗНУВААТ ГРАЃАНИ ЗА ДРУГИ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

    ПОЛИЦАЈЦИ ПАРКИРАНИ НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА КАЗНУВААТ ГРАЃАНИ ЗА ДРУГИ СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИДел од граѓаните ги предупредуваа дека тие кои казнуваат прават сообраќаен прекрошок со тоа што се неправилно паркирани. Но, полицијаците и покрај тоа не го тргнаа возилото. (Фото: СДК.МК)

    Полициско возило паркирано на велосипедската патека на булеварот Кочо Рацин во Скопје денеска запираше и казнуваше граѓани за направени сообраќајни прекршоци.

    Полицајците беа паркирани долж велосипедската патека, па граѓаните кои минуваа со велосипеди мораа да се движат по булеварот за да ги одминат. Дел од граѓаните ги предупредуваа дека тие кои казнуваат прават сообраќаен прекршок со тоа што се неправилно паркирани. Но, полицијците и покрај тоа не го тргнаа возилото, туку им велеа на граѓаните да не ги сликаат и дека ќе им пишат казна бидејќи возат без заштитна кацига. Според правилникот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, велосипедистите не се задолжени да носат кациги, туку тоа е нивни избор.

    Град Скопје пред една недела заврши со реконструкција на булеварот Кочо Рацин, при што беше направена велосипедска патека од двете страни на коловозот.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари