ПОЛИЦИЈАТА ГИ СТИШИ КАФЕАНИТЕ СПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА ВО ВЕЛЕС, ВЕЌЕ НЕ ТРЕШТИ ГЛАСНА МУЗИКА

    ПОЛИЦИЈАТА ГИ СТИШИ КАФЕАНИТЕ СПРОТИ ГИМНАЗИЈАТА ВО ВЕЛЕС, ВЕЌЕ НЕ ТРЕШТИ ГЛАСНА МУЗИКАЖителите во овој дел од Велес се жалат и дека кафените узурпираат јавни површини. (Фото: СДК.МК)

    Осетно е подобрена состојба со гласната музика во локалите спроти гимназијата во Велес, кажа командирот на велешката Полициска станица Алексндар Костов на седница на Советот за годишната работа на станицата, а по реакциите на жители од тој дел на градот.

    „Во ноември лани, дојдоа станари од зградите спроти гимназијата, се жалеа на гласана музика. Ги засиливме контролите, меревме повеќепати во текот на денот, се поднесоа повеќе пријави. И оттогаш мислам дека овој проблем не постои. Мерењата покажуваат дека е под 55 децибели, што е максимална граница. Проблемот е со општата бучава. Кога сме мереле со фонометар, имало вредност од 57 децибели, па сме го запирале сообраќајот на улица, а бројката осетно паѓа. Ова укажува дека имаме бучава од возила, од џагор на луѓето, на што не сме во можност да реагираме. За викенд излегуваме постојано. Сега имаме еден фонометар кој е поседување на Полициската станица Велес и можеме постојано да го користиме и контролираме“, рече Костов.

    Во меѓувреме, градоначалникот Марко Колев одржал состанок со сите угостители од овој дел на градот, заради надминување на проблемите за кои реагираат станарите, узурпирањето на јавните површини.

    „Сите угостителски објекти се писмено известени како да постапуваат со урбаната опрема. Ги задолживме да направат елаборати и да ги почитуваат. Точно се знае колку опрема, на која површина да биде поставена, колку да бидат оддалечени меѓусебно, колку место да има за пешаците. Очекувам тие елаборати да бидат доставени и ќе се постапува по нив. Да излеземе во пресрет на граѓаните од овој дел, спроти гимназијата“, рече Колев.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира