ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ ОТКАЖАН И ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ „ПРОЧКА“

    ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ ОТКАЖАН И ПРИЛЕПСКИОТ КАРНЕВАЛ „ПРОЧКА“19. издание на „Прочка“ требаше да почне денеска (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Прилеп донесе одлука за откажување на традиционалниот меѓународен карневал „Прочка“, што требаше да се одржи по 19. пат.

    Од Општината соопштија дека одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за здравство, откако во земјата беше регистриран прв случај на коронавирус, а уште 14 луѓе се во изолација.

    „Се откажуваат сите настани поврзани со меѓународниот карневал ‘Прочка 2020‘“, соопшти Општина Прилеп.

    Карневалот требаше да почне денеска.

    Претходно беа откажани и сите натамошни активности од Струмичкиот карневал, кој очекуваше илјадници посетители за утрешното големо дефиле.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира