ПОРАДИ МАЛИОТ БРОЈ УЧЕНИЦИ ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ВЕЛЕС СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНО

    ПОРАДИ МАЛИОТ БРОЈ УЧЕНИЦИ ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ОД ВЕЛЕС СЕ СПОЈУВААТ ВО ЕДНО„Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“ се спојуваат во едно училиште кое ќе се вика „Панко Брашнаров“ (Фото: СДК.МК)

    Поради мал број ученици, основните училишта „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“ од Велес се спојуваат во едно. На седницата на Советот на Општина Велес беше донесена одлука од овие две училишта да се формира ново, кое ќе се вика „Панко Брашнаров“ и сите ученици да учат во него. Наставниците, стручните соработници и административно-техничките работници се преземаат од двете училишта.

    Градоначалникот Аце Коцевски кажа дека ниту еден вработен на неопределено време нема да биде отпуштен.

    „Имаме сериозно намалување на ученици во мрежата на училишта создадена во социјализмот, која е предимензионирана, нерационална и скапа. Во училиштето ‘Јордан Хаџи Константинов Џинот‘ пред десет години имало просечно 20 деца во паралелка, а сега има 16. Во ‘Благој Кирков‘ имало 22, а сега има 14 деца во паралелка“, изјави Коцевски пред советниците.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира