ПОСКАПЕ И АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА, ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ВОЗАТ БЕСПЛАТНО ВО ВТОРНИК И ПЕТОК

    ПОСКАПЕ И АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА, ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ВОЗАТ БЕСПЛАТНО ВО ВТОРНИК И ПЕТОКГрадските линии поскапуваат за 50 отсто, од 20 на 30 денари (Фото: СДК.МК)

    По таксито, поскапе и градскиот автобуски превоз во Битола. Со одлуката што вчера ја донесе советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ, градските линии поскапуваат за 50 отсто, односно од 20 на 30 денари, а месечната карта од 800 на 1.200 денари. За околните села билетот поскапува за 15 денари, па место 90, ќе се плаќаат 105 денари.

    Цел ден се одолжи носењето на одлуката за поскапување на градскиот превоз. Советниците од мнозинството кажаа дека ако не се промени тарифникот, превозниците нема да ги возат автобусите, па ќе биде загрозен и школскиот превоз. По тричасовната пауза, советникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојкоски рече дека предлог-одлуката се надополнува новата тарифа да важи до крајот на месецот, во кој Регулаторната комисија ќе донесе одлука највисоката малопродажна цена на еуродизелот да биде 60 денари за литар или помалку.

    „Целта е доколку цената на дизел горивото се намали да можат да важат постоечките цени“, рече Бојковски.

    Според опозицијата, локалната власт на овој начин сакаше вината за поскапувањето да ја префрли на друг. Советниците од СДСМ беа против покачувањето и побараа превозот да го субвенционира Општината.

    За пензионерите се изгласа бесплатно возење во вторник и петок.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира