Бистите на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градскиот парк со денови стојат урнати и уништени. Постаментите на кои стоеја бистите се урнати, искршени и исшкртани со спреј, а портретите излиени во бронза на Неделковски и Вапцаров украдени.
Бистите се уништени две недели, но никој не реагира ниту ги крева постаментите.
Од Град Скопје под чија надлежност е Градскиот парк не добивме одговор зошто постаментите за бистите се оставени да лежат оштетени, ниту дали е пријавена кражба на бистите во МВР.
А. АНТЕВСКА