ПОСТАВЕНА РЕШЕТКА НА ФЕКАЛНАТА СТАНИЦА ВО ЛИСИЧЕ ЗА ДА СОБИРА ОТПАД И ЌЕБИЊА КОИ СЕ ФРЛААТ ВО ВАРДАР

    ПОСТАВЕНА РЕШЕТКА НА ФЕКАЛНАТА СТАНИЦА ВО ЛИСИЧЕ ЗА ДА СОБИРА ОТПАД И ЌЕБИЊА КОИ СЕ ФРЛААТ ВО ВАРДАРРешетката ќе ги задржува отпадоците и предметите кои граѓаните ги фрлаат во Вардар, а кои досега се заглавуваа и се оштетуваа пумпите на фекалната станица. (Фото: ЈП „Водовод и канализација“)

    ЈП „Водовод и канализација“ постави решетка во фекалната станица на реката Вардар во Горно Лисиче. Решетката ќе ги задржува отпадоците и предметите кои граѓаните ги фрлаат во Вардар, а кои досега се заглавуваа и се оштетуваа пумпите на фекалната станица.

    „Досега со канти рачно го вадевме отпадот. Се фрла сè и сешто, од пластика, предмети, облека, па дури јамболии и ќебиња сме ваделе. Поставувањето на автоматската решетка е дел од активностите кои ги преземаме како претпријатие за заштита на животната средина на градот Скопје. Поставувањето на оваа решетка директно ќе влијае во намалувањето на поголемиот отпад кој што се влева во реката Вардар преку отпадните води, и истата ќе придонесе за намалено загадување на реката“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Од претпријатието велат дека и во иднина ќе продолжат со ваков тип на активности кои директно ќе влијаат на подобрување на животната средина во градот Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира