ПОСТАВЕНИ СЕМАФОРИ НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛА

    ПОСТАВЕНИ СЕМАФОРИ НА ШИРОК СОКАК ВО БИТОЛАСо поставувањето на семафорите се стесни сообраќајот за возила, со тоа што остана по една лента од двете страни. (Фото: СДК.МК)

    Во центарот на Битола се поставени семафорите кои во иднина ќе го регулираат сообраќајот на Широк Сокак кај хотелот „Епинал“, но уште не се пуштени во функција. Станува збор за крстосница меѓу улицата Димитар Илиевски-Мурато и Широк Сокак, која е дел од пешачката зона.

    Со нивното поставување се стесни сообраќајот за возила, со тоа што остана по една лента од двете страни. На сметка на тоа продолжен е пешачкиот дел, односно со бела боја исцртани се пешачки острови како приоди до семафорите.

    Реакциите во градот се поделени. Дел до граѓаните сметаат дека со ова ќе се воведе ред во сообраќајот кај хотелот „Епинал“ каде досега се создаваа тесни сообраќајни грла, а други го критикуваат сообраќајното решение и сметаат дека естетски не се вклопува во изгледот на амбиенталната улица.

    Досега не беше поставен семафор, а возилата чекаат да поминат пешаците кои се шетаат низ Широк Сокак и ги пропуштаат еден по еден, па се создава долга колона и сообраќајот се одвива тргни-застани. Воедно, и голем дел од битолчани со возилата секојдневно минуваат од таму, дел поради потреба, но и оние кои се шетаат или одат на кафе, па бараат паркинг што е можно поблиску до кафулето. Теренските анализи покажажуваат дека 50 проценти од дневниот проток се автомобили кои транзитираат.

    Во непосредна близина на овој премин е и плоштадот Гоце Делчев, за кој од Општината соопштија дека ќе биде ослободен од возила и ќе стане пешачка зона. Нефицијално, се очекува тоа да се случи наесен по одржувањето на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

    Во тек се и подготовките за поставивање пешачки семафори и на преминот на Широк Сокак кај Камен Мост.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира