ПОТОНА БРОД ВО СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ И СЕ ИЗЛЕА НАФТА

    ПОТОНА БРОД ВО СТУДЕНЧИШКИОТ КАНАЛ И СЕ ИЗЛЕА НАФТАСтариот брод „Лихнида“ долго време е закотвен во каналот и не е одржуван (Фото: СДк.МК)

    Во Студенчишкиот канaл денеска потона брод од чиј резервоар се излеа поголема количина нафта, која плива по водата.

    Од Капетанијата на македонските пристаништа велат дека станува збор за стариот брод „Лихнида”, кој долго време е закотвен во каналот.

    „Екипи од Капетанијата излегоа на терен и треба да го подигнат бродот. Овој пловен објект долго време не е одржуван и досега требаше да биде изваден од Студенчишкиот канал”, вели капетанот на Капетанијата Горан Устијаноски.

    Оттаму велат дека треба да се направи план за подигнување на сите бродови кои се закотвени во каналот, а кои претставуваат потенцијална опасност за Охридското Езеро.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира