ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНА ЛИСТА ЗА ИЗБОРИТЕ СОБИРА И ИНИЦИЈАТИВАТА „НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ – ЗА ЗАШТИТА НА КАРПОШ“

    ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНА ЛИСТА ЗА ИЗБОРИТЕ СОБИРА И ИНИЦИЈАТИВАТА „НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ – ЗА ЗАШТИТА НА КАРПОШ“Носителка на листата е Невена Георгиевска, активистка од „О2 Иницијатива“ и „Ние сме Карпош 4“. (Фото: Независни за Карпош)

    Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош – За Заштита на Карпош“ почна да собира потписи за својата советничка листа во Советот на Општината Карпош за локалните избори. Носителка на листата е Невена Георгиевска, активистка од „О2 Иницијатива“ и „Ние сме Карпош 4“.

    „Под ова име се здружија активисти и граѓани, со заедничка цел: Општината во која живееме да биде по мерка на нејзините жители, за нормално хумано живеење, за почист воздух, повеќе паркови, помалку бетон, за подобрување на квалитетот на животот и намалување на загадувањето од секаков вид. За транспарентно работење на Советот на Општината, јавно достапни седници, достапни информации, домаќинско трошење на буџетот. Со нас се и посветени граѓани кои се на страна на еколошките принципи, за заштита на јaвното добро и хуман и плански урбан развој, велат од „Независни за Карпош – За Заштита на Карпош“.

    Кандидати на советничката листа се активисти од „О2 Иницијатива“, „Го сакам Водно“, „Ние сме Карпош 4“, „Трнодол“, „ЕкоКарпош 3, 2, 1“, „Спас за Водно“, „Сметлана, за заштита на животните“.

    Потписи за поддршка се собираат секој ден до 30 август од 8 до 20 часот, а на 30 август и до 24 часот во Подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) во Општина Карпош.

    Своја независна советничка листа поднесоа и активистите од „Зелените за Гази Баба“, каде носител на листа е Дејан Димитровски со уште други 26 кандидати. Потписи за поддршка се собираат во Подрачното одделение на ДИК во Општина Гази Баба.

    Заедно со „Шанса за Центар“, и независите листи во Карпош и Гази Баба, во вкупно 3 скопски Општини се собираат потписи за кандидатите за советници. За Град Скопје, потписи за советничка листа како и за кандидатката за градоначалничка Ана Петровска, ексдиректорката на Државниот инспекторат за животна средина, собира Иницијативата „Зелен хуман град“ со носителите на листа Горјан Јовановски и Драгана Велковска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира