ПОТПОРЕН ЅИД ОТЕПА ЧОВЕК ВО ДЕБАР МААЛО

    ПОТПОРЕН ЅИД ОТЕПА ЧОВЕК ВО ДЕБАР МААЛООд МВР велат дека човекот врз кого паднал потпорниот ѕид починал на самото место.-(Фото:СДК.МК)

    68-годишен маж утрово во 9.10 часот бил потрупан од потпорен ѕид на улицата Дане Крапчев во скопската населба Дебар Маало.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека според првичните информации од терен, човекот застанал во близина на објект каде имало градежни активности, и додека стоел на улицата врз него паднал потпорен ѕид.

    Според информациите од МВР тој починал на самото место.

    Од полицијата засега нема информација дали човекот бил минувач или работник на објектот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира