ПОВЛЕЧЕНА ТОЧКАТА СО КОЈА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ЦЕНТАР НА КОИ ИМ ИСТЕКУВА МАНДАТОТ ТРЕБА ДА ГИ ДОБИЈАТ ЛАПТОПИТЕ КУПЕНИ СО ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ

    ПОВЛЕЧЕНА ТОЧКАТА СО КОЈА СОВЕТНИЦИТЕ ОД ЦЕНТАР НА КОИ ИМ ИСТЕКУВА МАНДАТОТ ТРЕБА ДА ГИ ДОБИЈАТ ЛАПТОПИТЕ КУПЕНИ СО ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕПредлогот за повлекување на точката беше даден од координаторот на советничката група на СДСМ Јон Фрчковски, со образложение дека треба да се доработи. (Фото: Општина Центар)

    Советниците од Општина Центар не ги добија службените лаптопи кои се купени со пари од буџетот на Општината односно со пари од граѓаните. На денешната седница, точката за пренесување во сопственост на преносни таблети на членовите на Советот на Општина Центар – Скопје во период 2017-2021 година беше повлечена.

    Предлогот за повлекување на точката беше даден од координаторот на советничката група на СДСМ Јон Фрчковски, со образложение дека треба да се доработи. Исто така, по предлог на Фрчковски беше повлечена и точката со која КК „Работнички“ може бесплатно да ги користи спортските сали во училиштета на територијата на Центар.

    „Општина Центар – Скопје е сопственик на преносни таблети од типот Леново (Lenovo тип MIIX 320-10ICR), кои им се дадени на користење на членовите на Советот на Општина Центар-Скопје во мандатниот период 2017-2021 година. Со оваа Одлука Општина Центар-Скопје им ги пренесува во сопственост без надомест преносните таблети од член 1 на оваа Одлука на членовите на Советот на Општина Центар – Скопје во мандатниот период 2017-2021 година. Се задолжува Секторот за финансиски прашања да изврши отпис на преносните таблети од сметководствена евиденција на Општина Центар – Скопје“, гласи одлуката која денеска е повлечена заради доработка.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира