Пукотниците на свадбите во Тетово никако да престанат и покрај бројните апели на тетовската полиција. Пред два дена тетовка беше повредена од заталкан куршум, а вчера на семејна веселба при пукање со пиштол било повредено дете кое присуствувало на свадбата.
„Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во 2.10 часот во СВР Тетово се пријавил З. З.(32) од Скопје поради сомнение дека синоќа околу 20 часот на семејна свеченост во Тетово, пукал со огнено оружје, а куршумот повредил малолетник кој бил присутен на свеченоста. На малолетникот му е укажана лекарска помош и се преземаат мерки за расчистување на случајот по што, во координација со Јавен обвинител, ќе биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти МВР.
З. АНДОНОВ