ПОВТОРНО ОТВОРЕНО ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

    ПОВТОРНО ОТВОРЕНО ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦАИнфективното беше затворено за пациенти од почетокот на февруари. (Фото: СДК.МК)

    Инфективното одделение во Велешката болница од денеска е повторно во функција. Тоа беше затворено за пациенти од почетокот на февруари, а медицинските сестри беа распределени на другите одделенија од оваа здравствена институција.

    „Почнува со работа Одделот за инфективни болести кој беше привремено затворен поради технички причини. Одделот за инфективни болести ќе работи секојдневно, континуирано“ соопштија од болницата.

    Причина за времена одлука со која одделението беше затворено е намлениот обем на работа, заминувањето во пензија на еден од инфектолозите и проблемите со греењето.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира