ПОВТОРНО УКРАДЕНА ЖИЧЕНАТА ОГРАДА НА ГРОБИШТАТА КАЈ ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ ВО ВЕЛЕС

    ПОВТОРНО УКРАДЕНА ЖИЧЕНАТА ОГРАДА НА ГРОБИШТАТА КАЈ ЦРКВАТА „СВ. СПАС“ ВО ВЕЛЕСОвојпат, украдени се околу 30 метри ограда, како и урбана опрема (Фото: СДК.МК)

    Кражбата на жичената ограда околу гробиштата на црквата „Св. Спас“ во Велес стана секојдневие, реагираат од ЈКП „Дервен“. Тие информираа дека деновиве се случила нова кражба, па домашни животни, коњи и крави можат непречено да влегуваат во просторот на гробиштата.

    „Деновиве третпат беше извршена кражба на оградата околу гробиштата. Овојпат, украдени се околу 30 метри ограда, како и урбана опрема. Вработените од ЈКП ‘Дервен‘ веднаш го пријавиле случајот во полиција. Сторителите се познати, па очекуваме да бидат преземени соодветни мерки од страна на полицијата, за да се спречи во иднина ваквиот вандализам“, велат од ЈКП „Дервен“.

    Дополнуваат дека секој обид да се оградат гробиштата и да се спречи влегување на домашни животни, улични кучиња и мачки би бил залуден. Велешани кои имаат гробни места кај оваа црква се револтирани и бараат да се преземат мерки.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира