ПОВТОРНО ВОЗАТ И ПЛАДНЕВНИТЕ ВОЗОВИ ОД СКОПЈЕ ЗА ВЕЛЕС И БИТОЛА

    ПОВТОРНО ВОЗАТ И ПЛАДНЕВНИТЕ ВОЗОВИ ОД СКОПЈЕ ЗА ВЕЛЕС И БИТОЛАво функција се сите патнички возови по важечкиот возен ред на МЖ, со важност од 14 декември 2025 до 12 декември 2026. (Фото: СДК.МК)

    Од почетокот на месецов се вратени во сообраќај патничките возови кои сообраќаа од Скопје за Велес и Битола во пладневните часови, потврди Македонски железници (МЖ).

    Тоа значи дека од 1 август повторно сообраќаат локалните возови од Скопје зе Велес кои тргнуваат во 8ч и во 13:20ч. како и од Велес за Скопје во 12:10ч и во 14:25ч. Сообраќаат и пладневните од Битола за Скопје во 12:46 ч. и од Скопје за Битола во 14:30ч. Со ова, во сообраќај се три патнички воза за Битола и од Битола, по два за Гевгелија и од Гевгелија и три локали од и за Велес, како и по два кои сообраќаат наутро и попладне од и за Куманово. Односно, во функција се сите патнички возови по важечкиот возен ред на МЖ, со важност од 14 декември 2025 до 12 декември 2026.

    Железничкиот сообраќај од Скопје кон Велес, Гевгелија и Битола беше во целосен прекин од 22 јуни до 15 јули поради реконструкција на делницата од пругата од Скопје до Зелениково за потребите на градскиот воз кој од есен треба да сообраќа на оваа релација. Од 15 јули до 1 август беа пуштени патничките возови кои сообраќаат на утро и навечер. По реконструкцијата на оваа делница возовите сега наместо со 20 км/ч возат со 50 км/ч а наскоро ќе сообраќаат со редовна брзина од 80 км/ч.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира