ПОЖАР И КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“ И ГАЛЕРИЈАТА НА ИКОНИ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИД

    ПОЖАР И КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА“ И ГАЛЕРИЈАТА НА ИКОНИ ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ОХРИДПожарот е од помали размери, но ова е за прв пат годинава да гори простор во близина на црква. (Фото: СДК.МК)

    На просторот меѓу Галеријата на икони и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во стариот дел на Охрид денес избувна пожар. Пожарот е од помали размери, но ова е за прв пат годинава да гори простор во близина на црква. Двата објекта имаат посебна важност во културната и духовна историја на градот и земјава.

    „Света Богородица Перивлепта“ е изградена во 1295 година и една од најзначајните меѓу 365 цркви колку што има во Охрид.

    „СВР Охрид ги интензивира мерките на превентивен и репресивен план, со цел поефикасна заштита и превенција од пожари. Во таа насока, а со цел натамошно позначително и покоординирано дејствување на терен, беше одржан работен состанок со претставници на Терериторијалната противпожарна единица, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот инспекторат за шумарство, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие-шумско стопанство Галичица, шумската полиција и на Центарот за управување со кризи“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    Изминатиов месец има серија пожари во Охрид и охридско-струшкото крајбрежје, зашто се пали трската и стрништата.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира