ПОЖАР НА ПАРКИНГ СО ШЛЕПЕРИ ВО БЛИЗИНА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА НА КАЧАНИЧКИ ПАТ ВО СКОПСКО ВИЗБЕГОВО

    ПОЖАР НА ПАРКИНГ СО ШЛЕПЕРИ ВО БЛИЗИНА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА НА КАЧАНИЧКИ ПАТ ВО СКОПСКО ВИЗБЕГОВООд спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. (Фото: СДК.МК)

    Горат четири шлепера на паркинг во двор на фирма во скопската населба Визбегово, на Качаничкиот пат, но постои можност да бидат зафатени и други камиони, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    „Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје и МВР“, вели ЦУК.

    Пријавата за пожар на бројот 112 е добиена во 21.14 часот.

    Според очевидци, првично биле зафатени шлепера, но пожарот се проширил уште на два други. Според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира