ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ПРЕБЕГ КАЈ ГРАДСКОТО СТРЕЛИШТЕ ВО ШТИП, ГРАДОТ ПОВТОРНО ВО ЧАД

    ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ПРЕБЕГ КАЈ ГРАДСКОТО СТРЕЛИШТЕ ВО ШТИП, ГРАДОТ ПОВТОРНО ВО ЧАДПожарот зафатил и остатоци од струготини што се складирани кај поранешната фабрика за мебел во Штип од каде е и густиот чад. (Фото: СДК.МК)

    Пожар избувна во населбата Пребег во Штип, на самиот влез во градот во непосредна близина на градското стрелиште и фабриката „Мебел“ избувна. Се смета дека пожарот зафатил сува трева во близина на реката Брегалница, но зафатил и остатоци од струготини што се складирани кај поранешната фабрика за мебел во Штип од каде е и густиот чад.

    Пожарот се шири кон новата гинеколошка болница и населбата Пребег. Противпожарни екипи кои се останати во градот и не се на терен на планината Серта веднаш се впуштија во гаснењето на пожарот и, како што вели командирот, нема да дозволат да се прошири кон споменатите објкекти и кон станбената населба Пребег.

    На местото на пожарот излезени се и лица од СВР Штип за утврдување на причините на пожарот, дали е случаен или е подметнат.

    Во досегашните пожари што беснает на планината Серта досега, според првичните сознанија, биле опфатени над 200 квадратни километри површина, а изгореле над 100 квадратни километри површина, претежно застапена со трева и со ниска, но и со висока шума. Претставници на ЈП „Национални шуми“ кои првпат се појавија на терен кај штипските села Селце и Драгоево велат дека штетите се катастрофални, а последиците со обновувањето на опожарените шумски предели ќе се надминат најмалку за 30 години.

    Младите жители од овие две села се организрале и веќе се приклучиле кон останатите сили за гаснење на пожарите.

    „Презедовме мерки со булдожери и друга механизација да направиме пресеци и превентивни одбранбени коридори за да не може огнот да се префле кон населените места во штипскиот дел на Серта. Истовремено ја штитиме и трасата каде над селото Селце минува гасоводот кон Неготино“, велат од Кризиниот штаб во Штип кој сепак бара интервенција од воздух за да се стават пожарите под контрола.

    Густиот чад што сношти неколку часа се надвисна над Штип, претпладнево го нема, но продолжуваат пожарите во блиските штипски села во пазувите на планината Серта, па според движењето на ветровите денеска чадот е присутен само во Лакавичката Котлина.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира