Пожар избувна доцна попладне во вторник во новиот трговски центар што се гради на влезот на Битола. Екипи на Територијалната противпожарна единица се на терен и го гаснат огнот.
Трговскиот треба да се отвори на 5 август и предвидено е да има бутици со брендирана облека.
Во гаснењето се користи и градежната механизацијата која беше на терен за изградба на трговскиот центар. Покрај Територијалната противпожарна единица на Битола се вклучи и противпожарниот тим од РЕК Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА