Пожар избувна во парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен.
По неколку часа, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека пожарот е ставен под контрола. Од ЦУК соопштија дека веднаш по пријавата била воспоставена координација со сите надлежни институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала брзо и ефикасно на терен. Иако состојбата е стабилизирана, надлежните екипи ќе останат на терен сè до целосното локализирање и гаснење на пожарот, со цел да се спречи негово повторно активирање.



