ПОЖАР ВО РЕК БИТОЛА, НЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ОТИ НЕ РАБОТИ НИЕДЕН БЛОК

    ПОЖАР ВО РЕК БИТОЛА, НЕ ПРОИЗВЕДУВА СТРУЈА ОТИ НЕ РАБОТИ НИЕДЕН БЛОКНема повредени, а огнот брзо изгасна", соопшти РЕК. (Фото: СДК.МК)

    Пожар ја зафати трафостаницата во блок број 3, при што повлече да испадне од работа и блок број 1. Во моментов, РЕК останува да работи без ниеден блок, а се прават обиди да се пушти во производство блок 1.

    “Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50 часот на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот брзо е изгаснат”, соопштија од Електрани на Северна Македонија.

    Неофицијално, во моментот блок 3 го повлече блок 1 и РЕК остана без производство на струја. Се прават обиди што поскоро да се пушти блок 1 во производство. Пожарот е изгаснат без повредени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира