ПОЖАРИТЕ НА ШАР ПЛАНИНА И ВО МАВРОВО СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛА

    ПОЖАРИТЕ НА ШАР ПЛАНИНА И ВО МАВРОВО СТАВЕНИ ПОД КОНТРОЛАСо пожарот биле зафатени букова шума, папрат и сува трева (Фото: СДК.МК)

    Пожарите во националните паркови Шар Планина и Маврово станаа секојдневие. Само што ќе се изгасне еден пожар, набрзо се појавува друг. Ренџерските служби од двата парка имаат полни раце работа, а поради големината на пожарите, побарана е и воздушна поддршка за нивното гаснење. Според најновите информации добиени од ЦУК, и двата големи пожара веќе се ставени под контрола.

    ЦУК Тетово известува дека пожарот што започна вчера над селото Ѓермо во националниот парк Шар Планина е локализиран. Само на едно место има малку чадење и интервенираат две лица од националниот парк за целосно да биде изгаснат. Со пожарот биле зафатени букова шума, папрат и сува трева“, соопштуваат од ЦУК.

    Пожарот во НП Маврово беше од поголем обем, па за негово гаснење беше побарана воздушна поддршка.

    Пожарот кај селото Жировница е ставен под контрола. Според првите проценки, со пожарот биле зафатени околу 17 хектари високопланинска трева, смреки и дел од букова шума. Вчера во гаснењето на пожарот интервенирале пет лица од НП Маврово, а поради непристапноста на теренот, градоначалникот на Општина Маврово-Ростуше побарал од ЦУК да се употребат воздухоплови за гаснење на пожарот. Интервенираше еден хеликоптер на МВР, што реализираше пет прелети и пожарот го стави под контрола“, велат од ЦУК.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира