ПОЖАРНИКАР НАПАДНАТ ДОДЕКА ГАСЕЛ ПОЖАР ЗАД ПАЛАТАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“, ЗАВРШИ НА КЛИНИКА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЖАРНИКАР НАПАДНАТ ДОДЕКА ГАСЕЛ ПОЖАР ЗАД ПАЛАТАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“, ЗАВРШИ НА КЛИНИКА

    Пожарникар со повреди на главата е пренесен во Клинички центар откако група граѓани го нападнале додека заедно со колегите гаснеле пожар зад палатата „Емануел Чучков“ во Скопје која е спроти зградата во која живее поранешниот премиер Никола Груевски.

    Според очевидци, пожарникарот бил удрен со лопата.

    Командантот на скопската противпожарна бригада Ѕвоно Томевски вели дека на интервенција на улицата Бихаќка излегле две возила и петмина пожарникари откако добиле пријава за густ црн чад кој се кревал од дворот на барака на улицата.

    „Група граѓани, собрани во дворот на бараката од каде што доаѓал чадот, ги нападнале пожарникарите. Со повреди на главата еден од пожарникарите итно е пренесен во болница. Граѓаните биле лути што пожарникарите се појавиле оти во дворот горело ѓубре. Пожарот веднаш бил локализиран. Пријавата  е од соседи кои го забележале чадот и стравувале дека пожарот може да се прошири“ , рече командантот Томевски.

    За инцидентот веднаш била повикана и полиција која собираше изјави од сите очевидци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира