ПРАТЕНИКОТ ИЛИЈА ДИМОВСКИ ИМАЛ ЛИЧЕН ШОФЕР ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

    ПРАТЕНИКОТ ИЛИЈА ДИМОВСКИ ИМАЛ ЛИЧЕН ШОФЕР ОД ОПШТИНА ВЕЛЕС, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ„Ако на Димовски како пратеник и координатор на пратеничката група му следувало службено возило, тоа требало да го добие од Собранието, не од Општина Велес“, вели велешкиот градоначалник Аце Коцевски. - Илија Димовски во Собрание (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски на првата прес конференција по преземањето на функција кажа дека пратеникот Илија Димовски користел општински автомобили и шофер. Тој побара од полицијата и обвинителството да ги истражат дејствијата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во локалната власт.

    „Димовски имал привилегија, вработен во општинската администрација, кој потоа е префрлен во ТППЕ, да му биде личен возач. Ако на Димовски како пратеник и координатор на пратеничката група му следувало службено возило, тоа требало да го добие од Собранието на Република Македонија, не од Општина Велес. На овој начин користејќи услуги на вработен во општинска администрација, како личен шофер, при тоа штимајќи ги податоците како да го вози градоначалникот, за да му се признаат прекувремените саати, сериозно е оштетен Буџетот на Општина Велес“, рече Коцевски.

    Тој не кажа за која сума е оштетена локалната власт, но потенцираше дека граѓаните се оштетени за многу тротоари, водоводи, канализациони системи. Коцевски посочи и дека претходниот претседавач на Советот, користел општински автомобил, без никакво одобрение.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира