ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО НАДОЈДЕ ЗА 15 САНТИМЕТРИ ЗА 2 НЕДЕЛИ ГОДИНАВА

    ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО НАДОЈДЕ ЗА 15 САНТИМЕТРИ ЗА 2 НЕДЕЛИ ГОДИНАВАБарем засега, овој месец нема намалување на водостојот на езерото: (Фото: СДК.МК)

    Според мерењата на Управата за хидрометоролошки работи, за првите 12 дена од новата 2021 година водостојот на Преспанското Езеро порасна за 15 сантиметри. Високите температури изминатите денови го стопија снегот на околните планини, а обилните врнежи го зголемија водостојот на реките, па и нивото на Езерото кое опаѓаше долго време се подигна.

    Мерењата во Наколец покажаа дека водостојот на Езерото на 31.12.2020 беше 842,25 сантиметри, а на 12 јануари 2021 година 842,40, што значи разликата е 15 сантиметри.

    Објавен е и податок дека на крајот на минатата година Езерото за 50 саниметри го имаше надминато апсолутниот минимум, а сега нивото е искачено така што надминувањето е за 35 сантиметри. Декемврискиот и јануарскиот просек скоро и да не се разликуваат, што укажува дека нема намалување на водостојот барем засега овој месец.

    Поради загрижувачки нискиот водостој на Езерото, минатата година Владата донесе Акциски план за надминување на состојбите од кој најголемиот број на активности се предвидени за годинава.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира