Едно лице е тешко повредено во престрелка во кафуле во центарот на Штип. Според првичните, неофицијални информации повредениот е странски државјанин.
Во кафуле на плоштадот „Слобода“ околу 21,30 часот, според искажување на очевидци, дошло до расправија на две лица, при што едното извадило нож, на што противникот му возвратил со пиштол.
На лице место излегоа истражни органи на МВР и јавен обвинител.
Т. ЈОВАНОВСКИ