ПРЕСВРТНИЦА ВО СУДСКАТА ПОСТАПКА ЗА „КОПАНКИ“, ВИШИОТ УПРАВЕН СУД ЈА УВАЖИ ЖАЛБАТА НА ПЛАНИНАРСКОТО ДРУШТВО „ПЕЛИСТЕР“

    ПРЕСВРТНИЦА ВО СУДСКАТА ПОСТАПКА ЗА „КОПАНКИ“, ВИШИОТ УПРАВЕН СУД ЈА УВАЖИ ЖАЛБАТА НА ПЛАНИНАРСКОТО ДРУШТВО „ПЕЛИСТЕР“Домот изгоре пред осум и пол години. (Фото: СДК.МК)

    Судската постапка околу сопственоста и легализацијата на изгорениот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер доби нова пресвртница. Вишиот управен суд ја уважи жалбата на планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола против пресудата на Управниот суд од минатата година со која беше оспорена легализацијата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, донесена во 2015 година за време на поранешниот градоначалник Владимир Талески.

    Претходно, управниот суд тужбата на ПСК „Пелистер“ против решението на Министерството за транспорт и врски ја имаше одбиено како неоснована. Вишиот управен суд пак, одлучи дека претходната пресуда беше неправилна и ја преиначи, поништувајќи го решението на Министерството за транспорт и врски.

    Од ПСК „Пелистер“ соопштија дека поништени се сите решенија донесени на незаконит начин од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски во судскиот процес кој, како што велат му го наметнаа и извршуваа насилство во врска со Копанки, а сакаа да го поништат најстариот и најтрофејниот планинарски клуб „Пелистер“.

    Домот изгоре пред осум и пол години, а по две години беше легализиран во времето на Владимир Талески, како сопственост за Планинстско–спортскиот клуб „Пелистер“, а и претседателот на клубот Димче Попов беше советник од ВМРО-ДПМНЕ. По промената на локалната власт, Општина Битола побара од ПСК „Пелистер“ да ѝ го отстапи планинарскиот дом „Копанки“, за да може да го обнови. Од Општината тогаш рекоа дека законски не можат да реновираат објект каде сопственик е друго правно лице. Советот на Општина Битола донесе и заклучок за изнаоѓање решение за санација на домот и се обврза да обезбеди 100.000 евра за тоа. ПСК „Пелистер“ одби да ја предаде сопственоста на домот, одговарајќи дека според неговиот статут, не смеат да отуѓуваат имот, и почнаа да градат, но не го изградија. Од Општината следуваше решение со кое беше одзедена сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“ од клубот и пренесена на државата зашто сметаа дека легализацијата била спроведена незаконски, па дури поднесоа и кривична пријава против Талески.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира