ПРЕТПРИЕМАЧКИ ОД ПОЛОГ И ЕЛБАСАН ИЗРАБОТИЈА ЗАШТИТНИ МАСКИ И ВИЗИРИ И ГИ ДОНИРАА НА ТЕТОВО

    ПРЕТПРИЕМАЧКИ ОД ПОЛОГ И ЕЛБАСАН ИЗРАБОТИЈА ЗАШТИТНИ МАСКИ И ВИЗИРИ И ГИ ДОНИРАА НА ТЕТОВООпштина Тетово започна со делење на заштитни маски и друг заштитен материјал по куќи и станови (Фото: СДК.МК)

    Општина Тетово прими донација од 4.800 платнени заштитни маски, 625 заштитни визири и 550 антибактериски сапуни изработени на природна база. Поголемиот дел од оваа донација е наменет за полицијата и тетовската болница.

    Целата заштитна опрема е изработена од претприемачки од регионот на Полог и Елбасан во Албанија кои се вклучени во проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, финансиран од Европска Унија. Во овој проект беа вклучени и Центарот за управување со промени (ЦУП) и партнерските организации Институт за човекови права и фондацијата „Егалите“.

    Општина Тетово деновиве започна со дистрибуција на заштитни маски и друг заштитен материјал, кои на населението во градот и околните села им се делат бесплатно.

    „Ова е донација од Владата, која ни даде 15.000 пакувања со заштитни маски и ракавици, кои почнавме да ги даваме во централните делови на градот, а во наредниве денови со акцијата ќе бидат опфатени и приградските населби и околните села кои се дел од Општина Тетово. Во пакувањето и дистрибуцијата на заштитниот материјал се вклучени вработените во јавната администрација на Општина Тетово. Помогнати од волонтери, тие одат по становите во станбените згради и до приватните куќи. Освен заштитни маски и ракавици, на населението му даваме и летоци со информативен материјал за заштита од КОВИД-19“, изјавија од Службата за односи со јавност на Општина Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира