ПРИ ПОЖАР ВО РУДНИКОТ СУВОДОЛ ИЗГОРЕЛЕ ДЕЛОВИ ОД ТРАКА ЗА ПРЕНОС НА ЈАЛОВИНА ВО РЕК БИТОЛА

    ПРИ ПОЖАР ВО РУДНИКОТ СУВОДОЛ ИЗГОРЕЛЕ ДЕЛОВИ ОД ТРАКА ЗА ПРЕНОС НА ЈАЛОВИНА ВО РЕК БИТОЛАОд РЕК Битола велат дека благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден бил пуштен во работа. (Фото: СДК.МК)

    Изгорени се неколку десетици метри трака за пренос на јаловина во рудникот Суводол при РЕК Битола, откако во петокот избил пожар. Тој бил предизвикан од лизгување на погонски барабан на јаловинската станица ЕТО 3 преку која се врши пренос на ископаната земја.

    Од РЕК велат дека благодарение на брзата реакција на вработените, системот истиот ден бил пуштен во работа. Од таму нагласуваат дека материјална штета по АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола во никој случај нема да биде предизвикана, бидејќи траката била осигурана.

    „Во сложениот систем на производство во РЕК Битола, вклучени се работници со подолг работен стаж и во многу мал дел новопримени лица. Во тек е постапка за утврдување на евентуален пропуст во работењето, по што ќе бидат преземени сите законски мерки доколку одговорност биде утврдена. Во моментов не бил сакале да прејудицираме, меѓутоа долгогодишниот застој во набавка на нова опрема и ревитализирање на системите, на крајот го зема својот данок. Комбинатот ги вложува сите свои сили целосно да ги санира последиците од минатото, за што потврда се производствените резултати од првите пет месеци годинава“, пишува во соопштението од РЕК.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира