ПРИРОДНИТЕ ЧЕШМИ ВО ВЕЛЕС СЀ УШТЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ИАКО СЕ ЕПИДЕМИОЛОШКИ ЗАГАДЕНИ

    ПРИРОДНИТЕ ЧЕШМИ ВО ВЕЛЕС СЀ УШТЕ СЕ КОРИСТАТ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА ИАКО СЕ ЕПИДЕМИОЛОШКИ ЗАГАДЕНИЧешмите чија вода е епидемиолошки загадена, се со поставено предупредување од страна на Центарот за јавно здравје Велес, дека водата не е безбедна за употреба.(Фото:СДК.МК)

    Дел од велешани сè уште полнат вода од природните чешми. Таа е со променлив и непостојан квалитет иако водата од градскиот водовод ги задоволува критериумите за нејзиниот квалитет. Чешмите чија вода е епидемиолошки загадена, се со поставено предупредување од страна на Центарот за јавно здравје Велес, дека водата не е безбедна за употреба.

    „Природните чешми во Велес се епидемиолошки несигурни, со непостојан квалитет, со висок процент на бактериолошко физичко – хемиска неисправност. Кај нив се изолирани индикатори на фекално загадување, најчесто ешерихија коли и колиформни бактерии, предизвикувачи на заразни болести“,вели спец. д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес.

    Велешани најмногу вода за пиење полнат од природните чешми во Башино село и кај Шорка кои се најчесто со исправна вода за пиење. За да се прифати водата како здравствено безбедна, неопходно е лабораториските наоди од сите испитани параметри, да бидат во рамките на дозволените концентрации, утврдени со Правилникот за безбедноста на водата за пиење. Селските чешми во општината без исклучок биле со неисправна вода, во најголема мерка водоводите, бидејќи водата не се хлорира, оти нема соодветна апаратура.

    П. ПЕЧКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира